Идеалниот тим според Златан (фото)

Златан Ибрахимовиќ периодов интензивно се занимава со промоција на својата нова книга „Јас сум фудбал“. Во автобиографското дело на Ибрахимовиќ има една страница на која самиот Златан го креирал иделаниот тим со фудбалери кои делел соблекувална.

Составот е полн со великани, а вистински луксуз е што го оставил Андрес Иниеста на клупа. „Ибракадабра“ се одлучи за формација 4-4-3, а секако токму тој го предводи нападот.

На голот е Џиџи Буфон, додека дефанзивната линија ја сочинуваат Лилијам Турам, Тијаго Силва, Алесандро Неста и Максвел.

Патрис Виера, Чави и Павел Недвед командуваат со средината на теренот, додека во нападот се Лео Меси, Роналдињо и секако, Ибрахимовиќ.

Според фотографијата која ја објави на „Инстаграм“, Златан прво го ставил Давид Де Хеа како резервен голман, но потоа го заменил со Жулио Цезар, а таму се уште Фабио Канаваро, Андрес Иниеста, Џенаро Гатузо и Кларенс Седорф.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести