Победата на Италија против Израел од 3-0 во квалификацискиот натпревар за Светското првенство синоќа во Удине значеше дека Израел ги губи сите шанси да се најде на Светското првенство.
Пред натпреварот, повеќе од 10.000 демонстранти се собраа на улиците на Удине, изразувајќи противење на израелскиот геноцид во Газа и повикувајќи на итен прекин на воените операции.
На самиот стадион, Израелците беа пречекани непријателски, беше исвиркана и химната на гостите.
Палестинците, поточно мисијата на таканаречената држава Палестина во ОН, на оригинален начин им ја честитаа победата на Аѕурите.
Тие на социјалната мрежа „Икс“ го објавија резултатот од натпреварот со коментарот „завршена работа“, а во објавата е додаден и емотикон – чинија со тестенини.