Палестина со емотивен спот од разрушената Газа го објави списокот на играчи кои се борат за пласман на СП 2026

Фудбалската репрезентација на Палестина го продолжува сонот за пласман на Светско првенство, а следниот меч го игра на гости кај Јордан. Палестина остана само со теоретски шанси да се надева дека може да стигне до завршницата на планетарниот собир затоа што има само три бода од шест дуели.

Сепак, тоа што посебно остана впечатливо е начинот на којшто Палестина го објави списокот на играчи за следните предизвици. Снимен е спот во кои се преставени репрезентативците со снимки од разрушената Газа.

Во главна улога се деца кои низ рушевините собираат сликички од фудбалерите, а на крајот започнуваат да играат фудбал, со што испраќаат јасна порака до сите дека спортот е посилен и од разорната војна во која се наоѓаат.

 

- Оглас -

Најнови вести