Памела Андерсон му го расипа трансферот на поранешниот дечко – фудбалерот „чудовиште“

Холивудската ѕвезда Памела Андерсон неодамна изјави дека ја прекинува двегодишната врска со фудбалерот Адил Рами. Андерсон се чувствуваше измамено, бидејќи откри дека светскиот фудбалски првак со Франција, всушност водел двоен живот и освен со нејзе, се гледал со уште една девојка. Поради тоа, рами го доби прекарот „чудовиште“.

„Тешко е да се прифати фактот дека последните две години од мојот живот биле само една голема лага. Се излажав и поверував во големата љубов. Се шегуваше дека другите играчи имаат девојки кои живеат во близина на нивните жени. Тие луѓе ги нарекуваше „чудовишта“. Ова сега е уште полошо. Цело време лажел. Како можел да контролира две женски срца и умови во исто време. Тој е чудовиште“, напиша Андерсон на социјалните мрежи, каде и објави крај на љубовната врска со Рами.

Иако повредена, Памела не му останала должна на Рами. Таа успеала да ги искористи своите врски и да му го упропасти трансферот на Рами, кој требало да потпише за тимот на Лос Анџелес во МЛС лигата. На тој начин, Памела се реваншира на 19 години помладиот фудбалер со кого ги помина последните две години. Централниот дефанзивец, од 2017 година е играч на Олимпик Марсеј.

 

- Оглас -

Најнови вести