Паметите ли вака лош премиерлигаш, имаат само еден бод по 12 кола (Видео)

Премиерлигата не памети полоша екипа од Шефилд јунајтед, а фенерџијата денеска ко претрпе и 11. пораз во 12 кола, откако беше поразен со 3:0 од Саутемптон.

Светците лесно стасаа до третото место, а победата ја најави Че Адамс со гол во 34. минута. И тука при првиот гол на мечот се покажаа сите слабости на тимот на Шефилд јунајтед. Одбраната не реагираше добро, па Адамс ја затресе мрежата на Рамсдејл.

https://twitter.com/poloniumtv/status/1338102985503764482?s=20

Дека Шефилд ќе остане на само еден бод најави Стјуарт Армстронг со втор погодок за Саутемтпон во 62. минута. Популарните Светци ја потврдија победата во 83. минута, а прецизен беше Нејтан Редмонд.

https://twitter.com/Bobbi0987/status/1338119226385522689?s=20

Саутемптон сега е на третото место со 23 бода, зад шампионот Ливерпул и лидерот Тотенхем, екипи што имаат одиграно еден меч помалку.

 

 

- Оглас -

Најнови вести