31.8 C
Skopje
понеделник, 7 јули 2025

Панатинаикос ја сопна ЦСКА Москва

ЦСКА Москва пропушти шанса да го стаса Реал Мадрид на втората позиција на табелата во Евролигата и со пораз во Атина ја заврши 2018 година.

Панатинаикос со одлична игра во вториот период што го доби со 36:18 направи голем пресврт по негативата од седум поени разлика и до крајот не дозволи фаворитот да се врати во игра и да ги освои бодовите.

ЦСКА се обиде да се врати во игра, имаше серија од 8:0 во последниот период, но „детелинките“ од Атина не дозволија пораз и славеа со 96:84.

Јанис Папапетру со 17 поени беше најефикасен кај домаќините, кои ја забележаа седмата победа во Евролигата по 15 одиграни натпревари.

Кај гостите од Москва најефикасен беше Вил Клибурн со 24 поени, пред Нандо Де Коло со 17.

- Оглас -

Најнови вести