Пандемијата ги фати неспремни – Малку се и пет замени, тројца се повредија, десетмина го доиграа мечот

Необичен случај што само покажува дека долгата пауза не им одговара на фудбалерите имаше на мечот меѓу Радник и Пролетер во Сурдулица.

Во премиерниот меч за двете екипи по пауза поголема од два месеци, домаќините останаа со играч помалку во второто полувреме, а причината се повредите.

Тренерот Симо Круниќ до 61. минута го искористи новитетот во фудбалот во пост-корона ерата и ги направи сите пет дозволени замени, за потоа да има големи проблеми како да остане непоразен.

Во првото полувреме му се повредија двајца играчи, потоа во игра влезе и нашиот интернационалец Зоран Даноски, како последна петта измена во 61. минута, но на Радник му се случи пех, па потоа се повреди и Јокиќ.

Со десетмина на терен домаќините сепак издржаа и освоија еден бод со реми, 1:1. Интересно е што во моментот кога Даноски влезе во игра во 61. минута, при двојна замена, од игра излезе вториот македонски интернационалец во Радник, Бобан Георгиев.

Двете екипи имаат обезбеден опстанок, но денешниот случај е интересен и покажува дека треба да се внимава со замените, кои од три се зголемија на пет во пост-корона фудбалската ера, поради ќестите повреди на играчите.

- Оглас -

Најнови вести