Пандев го постигна најчудниот гол во кариерата за победа на Џенова (Видео)

Горан Пандев одигра одличен меч и со гол во самиот финиш и донесе победа на Џенова против Сасуоло од 2:1.

Капитенот на македонската репрезентација одлично се снајде и во пад со гради ја затресе мрежата на Косилји, постигнувајќи го веројатно и најчудниот гол во кариерата.

https://twitter.com/MacedonianFoot/status/1213896035476615168?s=20

Џенова успеа да ја прекине црната серија од 8 меча без победа, а најмногу на радоста на домаќините кумуваше токму Пандев. Во 29. минута со прекрасна асистенција беше заслужен за пеналот што беше досуден за Џенова, по кој со прецизен удар Доменико Кришчито донесе предност од 1:0.

Сасуоло израмни во 33. минута со погодокот на Педро Обијанг, а потоа се до финишот се чекаше нов гол, а се истакна ветеранот во Серија А.

Во контранапад Пандев упати удар со нога, топката се одби од голманот на Сасуоло и во пад го погоди нашиот интернационалец во градите. Топката заврши во мрежата, а и ВАР системот потврди дека голот за победа е регуларен.

Џенова успеа да го прескокне СПАЛ и со 14 бода не е веќе на последното место на табелата.

- Оглас -

Најнови вести