Пандев и во следната сезона ќе игра во Серија А, Џенова вечерва имаше идеален противник

Уште по првото полувреме по кое Џенова водеше со 3-0, беше јасно дека тимот на Горан Пандев ќе обезбеди опстанок во италијанската Серија А, а сега тоа е и официјално. Средбата заврши со 3-0, гостите немаа никакви мотиви, а трите бода на Џенова ѝ донесоа опстанок во елитното друштво, и тоа значи дека нашиот Пандев својата последна сезона во клупската кариера ќе ја мине во најсилната лига во Италија.

Колку е важен Пандев за Џенова, покажува и тоа дека на денешниот многу пресуден меч беше стартер, а 37-годишниот мајстор со убава асистенција за 2-0, придонесе во победата. Пандев играше 82 минути.

Вечерва од нашинците настапи и Илија Несторовски, чиј тим Удинезе како гостин победи против Сасуоло со 1-0. Лече со пораз од 3-4 од Парма, се прости од првата лига. Дејан Кулушевски за последен пат се појави во дресот на Парма, талентираниот Швеѓанец со македонско потекло се сели во Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести