Полесно од очекувањата, Џенова е на 45 минути од опстанок во Серија А (Видео)

Џенова води против Верона со комотни 3-0 по првото полувреме на клучниот натпревар за опстанок во Серија А. Два гола даде Парагваецот Антонио Санабрија, а потоа погоди и Кристијан Ромеро, и ако вака заврши мечот, Грифоните остануваат во елитата, што значи дека македонскиот репрезентативец Горан Пандев својата последна сезона во кариерата ќе ја игра како прволигашки фудбалер.

Да биде задачата уште полесна, Лече дома против Парма има 2-2, иако губеше со 0-2. За да испадне Џенова, треба да не победи против Верона, нешто што во моментов делува невозможно, и Лече да триумфира против Парма.

Џенова тргна многу мотивирано, даде три гола во првите 45 минути како ретко кога, а при вториот гол, Пандев имаше мајсторска асистенција, по која Санабрија не можеше да погреши. Погледнете:

https://streamable.com/7ww8kv

- Оглас -

Најнови вести