Пандев ја предводи четата, Словенците утре ќе ја почувствуваат европската Македонија (фото)

Македонската фудбалска репрезентација продолжува со подготовките за претстојниот историски настап на Европското првенство.

Со цел Рисовите да се покажат во што подобро светло на големата сцена, за утре е закажан пријателски дуел против Словенија, кој ќе се игра на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. На трибините ќе има неколку илјади навивачи кои посакуваат да видат победа на Македонија иако се работи за обичен контролен натпревар, па затоа избраниците на Игор Ангеловски денешниот тренинг го одработија максимално.

Од 26-те репрезентативци кои треба да нè претставуваат на ЕП, недостасуваат само Енис Барди, кој е во карантин поради ковид-19, како и првиот голман Столе Димитриевски, кој има уште обврски со Рајо Валјекано.

фото: ФФМ

- Оглас -

Најнови вести