Пандев може да го однесе Венгер на клупата на Милан

Доколку Милан загуби на утрешното гостување кај Џенова на Горан Пандев, најверојатно тренерот Марко Џанпаоло ќе биде сменет, а според шпекулациите, сериозен кандидат за негов наследник е и легендарниот екс тренер на Арсенал, Арсен Венгер.

Критиките кон „росонерите“ се константни сезонава, тимот има полоши резултати од очекуваното, па постојано се говори околу смена на тренерското кормило. Џампаоло рече дека е борец и ќе се бори за местото до самиот крај.

Французинот Венгер после 22 години на чело на Арсенал, си замина во летото 2018. Тој и Милан уште се далеку од финален договор, но доколку Џампаоло биде избркан, тогаш Венгер во блиска иднина би можел да го преземе седумкратниот европски првак.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести