Пандев погоди за нешто што прв пат се случи во историјата на Серија А

Џенова со 3:1 славеше против Бреша и тоа со пресврт во второто полувреме. Гостите имаа предност на полувремето, па тренерот на Џенова, Тијаго Мота беше приноден да направи измени во вториот дел. Во првите 20 минути од второто полувреме ги внесе Агудело, Пандев и Куаме, а потоа се случи пресвртот за кој се заслужни резервистите.

Агудело погоди во 66 минута, потоа Куаме беше прецизен во 75 минута и Џенова веќе имаше направено пресврт и имаше водство. За да се осигура победата, но и да се комплетира еден чуден податок се погрижи Пандев. Капитенот на македонскат арепрезентација погоди за 3:1 во 79 минута. Со тој гол на Пандев, за прв пат се случи на еден меч да погодат сите тројца играчи кои влегле од клупата за резерви.

Деби на клупата на Џенова имаше Мота, кој во 2010 година беше соиграч со Пандев и заедно се радуваа на трофејот во Лигата на шампиони. Мота сега како тренер му даде шанса на Пандев, а популарниот Гоче само потврди дека класата е вечна.

Погодокот на Пандев може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести