Пандев повторно ја маѓепса Италија: Вечниот фудбалски мајстор не се предава

Кога некој знае да игра фудбал, годините не се важни. Каков мајстор е Горан Пандев, секоја чест, е само еден од коментарите на социјалните мрежи, по одличниот настап на капитенот на македонската репрезентација против Сасуоло.

Пандев одигра велемајсторски час и половина фудбал на „Луиџи Ферарис“, имаше неколку атрактивни асистенции, кумуваше за пеналот од кој Кришчито постигна водечки гол, а потоа во самиот финиш постигна многу необичен погодок за победа од 2:1.

„Ветеранот игра како да е на почеток на кариерата. Неговите голови го одземаат здивот. Голот против Лече е неповторлив, а сигурно ќе сакате да го погледнете и погодокот против Сасуоло“, продолжуваат комплиментите за Пандев од фудбалските фанови, без разлика на клупската припадност.

Пандев го постигна четвртиот гол сезонава за Џенова и е втор стрелец на тимот, заедно со Кришчито, само зад Куаме, кој постигна пет погодоци.

- Оглас -

Најнови вести