Пандев се вакцинира против ковид-19, спремен е за новата сезона со Џенова (фото)

Горан Пандев, од неодамна пензионираниот репрезентативец на Македонија, денес се вакцинира против ковид-19 и со тоа најави дека е подготвен за новата сезона со Џенова.

Најдобриот фудбалер во историјата на Македонија мораше да се вакцинира бидејќи раководството на Серија А постави услов сите играчи да бидат заштитени против корона-вирусот во пресрет на стартот на сезоната 2021/22.

Пандев инаку неодамна потврди дека ќе ја одигра уште оваа сезона на клупско ниво, иако репрезентативната кариера ја заврши по последниот меч на ЕП на Рисовите во поразот од Холандија во групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести