Пандев влезе и Џенова се спаси од пораз

Специја и Џенова одиграа нерешено 1:1 во дуел на две екипи кои се во долниот дел од табелата. Специја стигна до водство во 66-тата минута, кога голманот на Џенова, Сиругу, си даде автогол. Откако Џенова се најде во негатива, на теренот влезе и Горан Пандев.

Со влегување на Пандев, играта на Џенова стана подобра, а тоа резултираше и со пенал во 86-тата минута. Капитенот на Џенова, Кришито, беше прецизен од белата точка и израмни на 1:1, што се покажа и како конечен резултат. Специја сега има осум бода од 10 меча, а Џенова е со бод помалку.

Салернитана направи голем пресврт на гостувањето кај Венеција и од негатива на полувреме, на крајот ги освои трите бода. Венеција водеше со голот на Араму во 14-тата минута, а Салернитана израмни во 61-вата минута преку Бонацоли.

Судијата покажа дека ќе има пет минути дополнително време, а токму во последните секунди, Скијавоне погоди по вторпат за гостите и донесе голема победа, со која Салернитана избега од последното место на табелата. Венеција остана на осум бода, а Салернитана сега има седум бодови.

 

- Оглас -

Најнови вести