Академија Пандев остана на второ, а Шкендија на трето место во првата македонска фудбалска лига, откако денеска двата тима победија минимално во своите натпревари.
Кикс направи Македонија Ѓорче Петров, која дома одигра само нерешено со Скопје, па сега ѓорчепетровци се на четири бода зад третата Шкендија, а пет зад А. Пандев. Шкендија до победата над Тиквеш дојде со гол во 90-та минута, само Брегалница немаше никакви проблеми да победи против велешки Борец, кој е пред испаѓање во втора лига.
РЕЗУЛТАТИ: Академија Пандев – Струга Трим Лум 1-0, Шкендија – Тиквеш 2-1, Македонија Ѓорче Петров – Скопје 1-1, Брегалница – Борец 3-0. Вчера: Шкупи – Работнички 2-0, утре играат Ренова – Пелистер.