Паника во Мадрид, Винисиус има корона-вирус?

Винисиус жуниор, крилото на Реал Мадрид, денеска не тренираше бидејќи ги чека резултатите од тестирањето за корона-вирус. Тренерот Зинедин Зидан рече дека докторите го информирале дека тестот не бил правилно направен и имало некаква грешка, па требало да се повтори и попладнево ќе се добијат резултатите. Зизу се надева дека Винисиус ќе има негативен резултат и ќе може да игра.

Винисиус е дома и нема симптоми, но по првиот погрешен тест, морал да направи уште еден и затоа не тренирал. Ако е негативен, ќе може да игра утре против Алавес. Зидан рече дека Еден Азар ќе биде во составот исто како и Рафаел Варан, а очекува и Марсело да биде во комбинација за настап, иако тој не тренирал денеска.

Лука Јовиќ е во изолација откако еден негов пријател, кој му бил на гости во Мадрид, се откри дека има корона-вирус.

- Оглас -

Најнови вести