Ракометната машка серниорска репрезентација на Македонија немаше сили да приреди сензација ниту против Германија, и со вечерашниот пораз од 25-34 во Берлин, и математички се простивме од настап во втората фаза на Европското првенство.
Откако на полувреме заминавме со негатива од 13-18, на почетокот на вториот дел се разбрани резерниот голман на Германците, младиот Шпет, кој ја крена публиката на нозе, но за среќа Македонија не дозволи многу голема серија и држеше каков-таков приклучок, иако разликата беше голема.
Кога на десет минути до крајот Германија отиде на десет голови разлика, (31-21), веќе немаше дилеми дека Панцерите ќе извојуваат нова убедлива победа на ова ЕП на кое се во улога на домаќини и кандидати за медал.
Ненад Костевски со 6, и Жарко Пешевски и Томислав Јагуриновски со по 4 гола беа најефикасни во македонската репрезентација.