Бод или победа против Германија стануваат (не)возможна мисија

Македонската ракометна репрезентација немаше водство во ниту еден момент од првото полувреме, па имаме негатива од 13-18.

Германците поведоа со 1-0 и постојано беа или во водство (најчест случај) или резултатот беше нерешен (само еднаш, кога семафорот покажуваше 1-1). По седум минути игра Германија поведе 5-2, а потоа дадовме два гола по ред за 4-5 по 10 минути, на што домашните одговорија со серија од четири гола за 9-4.

Разликата постепено се зголемуваше, па така на пауза се замина со пет голови позитива за Германија, и пред нашите е тешка мисија да останат непоразени или да победат.

Убавата и позитивна атмосфера на трибините беше прекината само кога спикерот објави дека во ложата е канцеларот на Германија, Олаф Шолц, кој беше „поздравен“ со гласни свирежи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести