Олимпискиот комитет на Парагвај одлучи да ја исфрли со екипата пливачката, Луан Алонсо, откако една ноќ минала надвор од олимпиското село. Се работи за 20-годишната пливачка, која откако не ги мина квалификациите на 100 метри, одлучи да стави крај на кариерата.
„Нејзиното пристуство создава несоодветна атмосфера во нашата екипа. Таа своеволно помина ноќ надвор од олимпиското село и покрај забраната, па поради тоа ја испративме дома.“ – вели шефицата на делегацијата на Парагвај, Лариса Шерер.
Останува нејасно што значи тоа „создава несоодветна атмосфера во екипата“, но ако се чита меѓу редови може да се дојде до заклучок зошто е исфрлена пливачката Алонсо.