Параноја – Ливерпул не сакаше да тренира на „Камп Ноу“

Екипата на Јирген Клоп синоќа го одржа својот официјален тренинг на „Камп Ноу“, и обично тие тренинзи на 24 часа пред мечот, се последни за екипите пред важен меч. Но, во Ливерпул ја збунија јавноста и во пресрет на дуелот со Барселона, решија да тренираат и претпладнево, и тоа не на стадионот на Барса, туку на Еспањол.

Од Ливерпул сакале да одработат таен тренинг, а знаеја дека тоа не може да го направат на „Камп ноу“ или во негова близина. Клоп го избра стадионот на Еспањол, за да се осигура дека никој од вечерашниот противник нема да го шпиунира нивниот тренинг.

Единствената дилема на Клоп за вечерва е дали ќе игра Роберто Фирмино или не. Веројатно на тајниот тренинг се испробувале варијантите и без, и со Бразилецот во тимот.

- Оглас -

Најнови вести