Парехо: Жал ми е за сите што беа во Милано, од Коронавирус се заразија и над 3 илјади навивачи на Валенсија

Дани Парехо во интервју за „Марка“ вели дека сега не е време во Шпанија да се мисли на парите, туку на здравјето на луѓето откако Коронавирусот разорно ја погоди земјата.

Особено драматично е во Валенсија по мечот со Аталанта во Милано, што се смета за иницијална каписла за катастрофата со опасниот вирус и во Италија и во Шпанија.

„Жал ми е што воопшто се играше тој меч. Секако мислам на сите навивачи и тие на Аталанта и на нашите над 3 илјади што ни допатуваа во Милано да ни дадат поддршка. Се надевам дека наскоро ќе ја победиме епидемијата, која, за жал, однесе многу човечки животи“, вели капитенот на Валенсија.

Првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите меѓу Аталанта и Валенсија се играше на 19 февруари пред околу 40 илјади гледачи, а медицинските експерти сметаат дека тој дуел е иницијалната каписла за кататрофата што им се случува на Италија и на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести