Париз подготвува спектакуларно отворање на ЛОИ 2024 година и тоа првпат нема да биде на стадион (Фото)

Организаторите на Летните олимписки игри кои во 2024 година треба да се одржат во Париз, го открија спектакуларниот план за отворање на Игрите. Амбицијата на организаторот е да се направи парада долга шест километри на која ќе дефилираат спортистите и тоа во бродови што ќе пловат низ реката Сена.

Идејата е тоа да биде најголемата смотра во историјата на Игрите, а покрај реката ќе може да има неверојатни 600.000 луѓе кои ќе ги поздрават спортистите.

Планот е да има дури 160 бродови на кои ќе бидат распоредени спортистите, а спектакуларен перформанс треба да има и на брегот.

Потоа сите заедно од реката Сена ќе продолжат кон плоштадот што се наоѓа во близина на Ајфеловата кула и таму би се одржал завршниот дел од церемонијата на отворањето на Игрите.

„Тоа ќе биде најголема церемонија на ЛОИ. Можеби ова не е најлесниот начин да се организира едно отворање на ЛОИ, но наша обврска е да бидеме амбициозни. Тоа ќе биде почеток на Игрите и пораката која ќе биде испратена треба да биде силна и едноставна. Милијарди луѓе ќе го гледаат тоа. Сакаме сите да го почувствуваат најдоброто што Франција го има. Тоа ќе биде едноставна комбинација на спорт и култура, а целиот град ќе биде претворен во Олимписки стадион“, објасни претседателот на организицискиот одбор на ЛОИ 2024 година во Париз, Тони Естан.

- Оглас -

Најнови вести