Парижаните страдаат од своите поранешни играчи

Ерик Максим Чупо Мотинг, го постигна својот 17-ти гол сезонава за Баерн, и им донесе предност на Баварците од 1-0 против ПСЖ.

Камерунецот во 2020 година токму од ПСЖ како слободен играч се пресели во Баерн, и вечерва му се одмазди на својот некогашен клуб. Главен виновник за примениот гол на гостите е Марко Верати, кој загуби топка во близина на голот на својот тим, па Баерн знаеше како да го искористи подарокот.

И на првиот меч од осминафиналето помеѓу овие екипи, гол за Баерн даде некогашен член на париските Светци, Кингсли Коман. Пет од последните шест голови за Баерн против ПСЖ ги даваат некогашни играчи на парискиот клуб.

Голот на Чупо Мотинг може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести