Парламентарец од Оман му нуди еден милион долари на Меси за да му го продаде необичниот подарок

Член на Парламентот во Оман му нуди на Лионел Меси еден милион долари за да ја купи црната наметка со која Аргентинецот беше даруван од Катарците при доделувањето на пехарот на Мундијалот.

Се работи за традиционална арапска наметка наречена бишт, што Меси ја доби и му беше облечена непосредно пред да го крене пехарот.

Според арапската традиција, бишт се носи за престиж во посебни ситуации, како што се свадби, фестивали или некои позначајни муслимански празници.

Тоа е статусна облека која ја носат кралските членови и други влијателни луѓе во религиозна смисла.

Традиционално е за сите церемонии во овој дел од светот и очигледно е дека организаторите на Светското првенство во Катар решија да испратат слика од најдобриот играч на Мундијалот токму во традиционалниот арапски дух.

Сега Меси треба да одлучи дали ќе ја задржи црната наметка или можеби ќе му ја продаде на неименуваниот парламентарец од Оман за еден милиони долари.

 

 

- Оглас -

Најнови вести