Партизан не успеа да се пласира од топ 16 фазата од Еврокупот, синоќа во преполниот „Пионир“ загуби минимално од Литвос ритас, а навивачката група „гробари“ дојде на вечерашниот тренинг со цел да им даде поддршка на играчите и да им порача да не очајуваат.
Фановите знаат дека на кошаркарите им треба голема поддршка, па неколку десетици од нив се појавија во салата додека тренираше екипата на тренерот Андреа Тринкиери и со песна ги поддржаа своите миленици. Тие му посветија песна и на италијанскиот тренер, кому му дадоа подароци.
Погледнете како изгледаше тоа:
https://twitter.com/i/status/1091062593538662402