Партизан испадна од ЛЕ, „Гробари“ ги строеја, а потоа и „ги соблекоа“ фудбалерите (Видео)

Српскиот тим Партизан одигра 2:2 на својт терен против АЕК Ларнака и тоа не беше доволно за тимот да оди во следната фаза. Партизан сега ќе продолжи во плејофот за Конференциската лига, но фактот дека беа елиминирани од Лигата на Европа, беше знак за навивачите да бидат многу лути.

По завршување на мечот, најверните навивачи на Партизан скандираа за оставка на тренерот Илија Столица, а еден симпатизер се симна на атлетската патека и влезе во конфликт со капитенот на Партизан.

На сите фудбалери на Партизан им беше наредено да ги соблечат дресовите и им беа буквално одземени од навивачите.

- Оглас -

Најнови вести