Партизан ја прегази Алба, Барселона ја доби шпанската пресметка

Кошаркарите на Партизан славеа со 89:74 против Алба Берлин пред своите гледачи доаѓајќи до четвртата победа во деветтиот меч во Евролигата.

Првата четвртина помина во израмнета игра во која за нијанса подобри беа гостите (18:20), но Црно-белите ја добија втората четвртина со 25:20 и на одмор заминаа со предност од 43:40.

Третата четвртина беше одлучувачка бидејќи Црно-белите за четири минути направија серија 13:4 и дојдоа до убедливи 65:52, по што во последната четвртина рутински ја одржуваа предноста за конечни 89:74. Најпрецизен кај Партизан беше Алекса Аврамовиќ со 20 поени, Данило Анѓушиќ даде 16, а Џејмс Нанели 14 поени.
Кај Алба се истакна Јоханес Тиман со 21 постигнат поен.

Во шпанската пресметка, Барселона славеше со 74:70 против Валенсија и остана на второто место на табелата со скор од седум победи и два порази.

Победникот беше одлучен во последната минута. Весели на 31 секунда до крајот погоди за 70:65, но Ојелеје ги погоди трите слободни фрлања и намали за 70:68 на 23 секунди до крајот. Потоа Абринес беше прецизен од линијата за слободни фрлања, а точна на мечот стави Лапровитола на седум секунди до крајот. Весели со 17 поени ја предводеше листата на стрелци кај Барселона, додека кај гостите најдобар беше Крис Џон со 15 поени.

Во останатите денешни мечеви, Панатинаикос со 90:74 триумфира над Виртус Болоња, Жалгирис со 74:73 го совлада Баерн, додека единствениот триумф на гости го оствари Басконија која триумфира над Асвел со 88:81.

 

- Оглас -

Најнови вести