Партизан на ист начин се реваншираше на Звезда и победи како гостин

Партизан го доби големото градско дерби против Црвена ѕвезда, во 20 коло од кошаркарската Евролига. Црно-белите славеа минимално со 79:78 во салата „Александар Николиќ“, со што целосно се реваншираа на големиот ривал за поразот од првиот дел од сезоната, кога Црвена ѕвезда славеше како гостин со кош во последната секунда.

Црвена ѕвезда само во почетните минути водеше на денешниот меч, кога имаа предност од 9:6. Потоа следуваше серија од 8:0 на Партизан за 14:9. Од тој момент, Партизан ја презема контролата на резултатот и до крајот постојано беше во водство.

Црно-белите водеа со 19:11 во првата четвртина, а гостите предноста од осум поени ја задржаа и на полувремето (45:37). Во третата четвртина разликата на гостите се движеше од еден до шест поени, што беше знак дека ќе има неизвесна завршница.

Партизан водеше со 75:73 кога Ексум погоди две слободни фрлања за гостите на 17 секунди до крајот. Во „пенал-завршницата“, играчите на Партизан беа смирени и погодуваа и тоа им донесе голем триумф.

По 20 одиграни кола во Евролигата, Партизан и Црвена ѕвезда имаат по 10 победи и 10 порази.

- Оглас -

Најнови вести