Партизан си постигна автокош во последната секунда и загуби од Мега (Видео)

Последниот меч од четвртото коло во регионалната АБА лига донесе неверојатна завршница. Во салата „Ранко Жеравица“, Мега успеа да го победи Партизан со 88:86.  За актуелниот првак во АБА лигата ова е прв пораз сезонава и тоа беше во финиш кој ретко се гледа.

Екипата на Мега одлично го започна мечот и уште на стартот стигна до двоцифрена предност (17:4). Домаќините ја задржаа предноста и во втората четвртина, а во средината од третата четвртина стигна и до највисоката предност од 20 поени (52:32).

https://twitter.com/i/status/1716530467543859386

Партизан не се предаде и за неколку минути стигна до само шест негатива (67:61). Во последната четвртина Партизан прв пат успеа да израмни во финишот, кога беше 82:82, а потоа и 86:86, за да Мега го има последниот напад.

Топиќ шутираше, но не беше прецизен, но Трифуновиќ во обид да ја освои топката, си постигна автокош и тоа буквално со звукот на сирената и Мега победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести