Партизан со тројка на една секунда до крајот се спаси од пораз во АБА лигата (Видео)

Кошаркарите на Партизан успеаја да слават со 96:95 во 20-то коло во АБА лигата на гостувањето кај Сплит и тоа со поени постигнати на 1,5 секунда до крајот.

Херој на Црно-белите беше Џејмс Нанели кој на 1,5 секунда постигна тројка за триумф, откако претходно, на 6,5 секунди до крајот, предност на Сплит од 95:93 му донесе Доминик Мавра.

https://twitter.com/i/status/1632097863030194177

Токму Нанели со 18 поени беше најпрецизен во редовите на Партизан, 15 даде Данте Ексум, додека кај Сплит кој е трикратен европски шампион, се истакнаа Шенонг Шортер со 25 и Тајрел Нелсон со 22 постигнати поени.

Партизан е лидер на табелата со скор од 18 победи и 2 порази, додека Сплит има скор 8-12 и се наоѓана седмото место.

- Оглас -

Најнови вести