Партизан го претрпе еден од најболните порази во кошаркарската Евролига, откако на гостувањето во Тел Авив загуби со 95:93 од Макаби. Гостите од Белград има за што да жалат затоа што во последната четвртина водеа со седум разлика (79:72), а во последната секунда примија кош со кој загубија.
Партизан водеше и со 91:88, кога Макаби стигна до преднсот од 93:91, па гостите израмнија на 93:93. Последниот напад беше за Макаби, а Џими Кларк се претвори во херој на домашниот тим откако погоди со звукот на сирената за победа. Токму Кларк со 21 поени беше лидер на Макаби.
Jimmy Clark III CALLS GAME for @MaccabiTLVBC 🎯#MotorolaMagicMoment @Moto pic.twitter.com/RlzdmvQdYa
— EuroLeague (@EuroLeague) February 3, 2026
За Партизан ова беше 18 пораз во 26 коло на Евролигата, додека Макаби стигна до 11-тата победа.
Во останатите мечеви кои се играа вечерва: Дубаи – Олимпијакос 108:98 (по продолжение), Анадолу Ефес – Валенсија 107:90, Жалгирис – Монако 104:87, Црвена ѕвезда – Хапоел Тел Авив 87:75, Панатинаикос – Реал Мадрид 82:81, Барселона – Фенербахче 78:82, Баерн – Париз 81:75, Милано – Басконија 109:89.

