Партнерката на Кристијано навистина има среќа: Георгина доби на лотарија!

Партнерката на Кристијано Роналдо, Георгина Родригес, навистина има среќа. Таа уште во септември купила лоз за божиќната лотарија, а денес нејзиното бројче беше извлечено како осмо и таа си доби парична награда.

Сумата која ја доби Георгина е 20 евра, и тешко дека ќе оди да ја подигне, со оглед на тоа дека нејзиното лично богатство достигнува 15 милиони евра. Како што пренесува „Мундо депортиво“ вкупниот награден фонд на божиќната лотарија во Шпанија изнесува еден милион евра, а Георгина својот лоз го купила кога била во посета на Пиринеите.

- Оглас -

Најнови вести