18.8 C
Skopje
среда, 20 август 2025

Патот кон ЛОИ во Париз го започнуваме против Израел

Кошаркарската репрезентација на Македонија кон средината на август ќе настапува на квалификациски турнир за пласман на Летните олимписки игри во Париз. Македонија е дел од групата А заедно со селекциите на Естонија, Израел и Чешка, а нашата група ќе се одигра во „Тондираба ајс арената“ во Талин.

Квалификациите ги започнуваме на 12 август во 19 часот со дуел против Израел, а следниот ден во истиот термин ќе играме против домаќинот Естонија. Следува ден одмор, додека на 15 во 16 часот групната фаза ја затвораме со дуел против Чешка.

Двете најдобри репрезентации од групата продолжуваат во полуфиналето кое ќе се игра во полскиот град Гливице. Победникот на турнирот ќе обезбеди пласман во главните кваификации за ЛОИ 2024.

ФОТО: kfsm.mk

- Оглас -

Најнови вести