
Македонија загуби од Данска со 12 разлика, но тоа е нешто што беше очекувано, ако се знае дека игравме против актуелниот светски првак и селекцијата која е домаќин на ова Европско првенство. Данска имаше поддршка од речиси 15.000 навивачи во салата, но Македонија во добар дел од мечот пристојно парираше на најдобрите.
Павле Атанасијевиќ кој постигна два гола против Данска е полн со оптимизам пред дуелот од второто коло против Португалија, меч кој може да биде и решавачки во борба за второто место во групата.
„Имаат опасна полуконтра и брз центар. После секоја наша грешка, тие знаеја да нѐ казнат. Загубивме, но мислам дека сите играчи сме максимално подготовени. Помина Данска, сега фокусот е Португалија и мора максимално да се посветиме и да оствариме добар резултат. Португалците играат брз ракомет, брза игра, но ние одиме на победа против нив“, најави Павле Атанасијевиќ.

