Пази се од куклата за тренинг (видео)

Фудбалерите на Зенит Санкт Петербург се подготвуваат за реваншот против Фенербахче во првата рунда од нокаут-фазата во Лигата на Европа. На денешниот тренинг расположението беше на високо ниво, особено по комичниот момент на Антон Заболотњи.

Напаѓачот на рускиот тим при една вежба трчајќи се сопна на една од поставените кукли, а неговите соиграчи „прснаа“ од смеење.

Mечот кој е предвиден за во четврток на „Гаспром арената“ ќе започне во 18:55 часот, а турскиот тим по првиот дуел има предност од минимални 1-0.

- Оглас -

Најнови вести