Пекол за помошен судија на Копа Америка, на носила го изнесоа од терен

Помошниот судија Умберто Панхох од Гватемала, доживеа топлотен удар за време на натпреварот помеѓу Перу Канада од Копа Америка.

Канаѓаните победија со 1-0, а средбата се одигра во градот Канзас во САД, и тоа на температура од 38 степени целзиусови и влажност од 60 проценти.

Линискиот судија од Гватемала колабираше при крајот на првото полувреме, по што на носила беше изнесен од терен и пренесен во болница на дополнителни тестови.

Тој беше заменет со еквадорски судија и натпреварот продолжи нормално. Нема никакви последици по здравјето на судијата, тој е добар, но предизвика неколкуминутна паника.

- Оглас -

Најнови вести