Пеколен старт на Вилјареал: Жолтата подморница поведе само по 170 секунди против Ливерпул (Видео)

Старт како од соништата има тимот на Вилјареал во реванш-мечот против Ливерпул. Неполни три минути од почетокот на мечот, Жолтата подморница даде гол за водство од 1:0.

Дија успеа да погоди за ерупција на трибините на преполниот стадион. Со овој погодок, Вилјареал ја преполови негативата од првиот меч на „Енфилд роуд“, каде што Ливерпул славеше со 2:0.

- Оглас -

Најнови вести