Легендарниот бразилски фудбалер Пеле е пред смртна постела, барем според последните информации кои стигнуваат од Бразил. Пеле е префрлен во клиниката за палијативна нега и повеќе не одговара на хемотераписките третмани во неговата битка со ракот на дебелото црево.
Пеле е единствениот фудбалер во историјата кој има три титули светски првак од Мундијалите во 1958, 1962 и 1970 година. Има 82 години и подолго време се бори со опасната болест. Клиниката во која сега е префрлен е позната како место во кое ги носат луѓето кои едноставно немаат шанса да се спасат и животот да им згасне со што е можно помалку болка.
Pelé has been moved to end-of-life care after he stopped responding to chemotherapy, reports @folha pic.twitter.com/98TFIvvpRN
— B/R Football (@brfootball) December 3, 2022
Главната ѕвезда на француската репрезентација Килијан Мбапе е еден од низата на славни личности кои упатија порака за Пеле да биде добро и сите да се молат за неговото здравје.
Pray for the King 👑🙏🏽🇧🇷 @Pele
— Kylian Mbappé (@KMbappe) December 3, 2022