Пеле од болнички кревет ги смирува Бразилците и своите фанови

Бразилската фудбалска икона Пеле, кој е единствен со три титули светски првак и уште е најмлад стрелец на гол на Мундијалите, а беше прогласен и за најдобар фудбалер во 20-тиот век, се јави од болница со информација за својата здравствена состојба.

Пеле има 82 години, се бори со болестите и испрати порака на благодарност до сите кои му посакаа добро здравје. Во главниот град на Катар, Доха, каде што се играат најмногу мечеви од Мундијалот, на една зграда се појави ликот на Пеле и порака: „Брзо оздравување“!

На Пеле лани му беше изваден тумор од дебелото цреви и оттогаш често оди во болница на контроли, а така е и сега.

„Пријатели, јас сум во болница, каде што доаѓам редовно еднаш месечно. Убаво е да се добијат такви позитивни пораки. Му благодарам на Катар за почитта и на сите кои ми испраќаат позитивна енергија!“.

Пеле има 77 гола (уште е рекордер) на 92 меча за Бразил, а светски шампион стана во 1958, 1962 и 1970 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести