Пеле се јави со порака од болница: Силен сум и имам голема надеж, гледајте го Бразил на Светско

Единствениот фудбалер во историјата со три светски титули, легендарниот Пеле денеска ги загрижи сите љубители на фудбалот, откако беше пренесена веста дека морал е префрлен во клиниката за палијативна нега и повеќе не одговара на хемотераписките третмани во неговата битка со ракот на дебелото црево.

Таа клиника во која сега се наоѓа Пеле е позната како место во кое ги носат луѓето кои едноставно немаат шанса да се спасат и животот да им згасне со што е можно помалку болка.

Сепак, само неколку часа по таа страшна вест, преку Инстаграм профилот на Пеле стигна охрабрувачка порака, која ја пренесуваме во целост.

„Мои пријатели, сакам да ги одржувам сите смирени и позитивни. Силен сум, со многу надеж и го следам мојот третман како и обично. Сакам да му се заблагодарам на целиот медицински и медицински тим за сета грижа што ја добив.

Имам многу верба во Бога и секоја порака за љубов што ја добивам од сите вас од целиот свет, ме држи полн со енергија. Гледајте го и Бразил на Светското првенство!

Ви благодарам многу за сè“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pelé (@pele)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести