33.8 C
Skopje
недела, 20 јули 2025

Пеле со порака до Кристијано Роналдо по трансферот во Манчестер јунајтед

Легендарниот Пеле кого го нарекуваат Крал на фудбалот, преку Инстаграм испрати порака до Кристијано Роналдо, откако португалската ѕвезда се пресели од Јувентус во Манчестер јунајтед.

„Нема ништо подобро од освојување на светот и враќањето дома. Секогаш биди среќен Кристијано“ – порача Пеле.

Роналдо од 2003 до 2009 беше во Манчестер, па замина во Реал Мадрид, а во 2018 година се пресели во Јуве, за сега после 12 години, да се врати на „Олд Трафорд“. Првиот меч по камбекот кај Црвените ѓаволи, се очекува Роналдо да го има на 11-ти септември против Њукасл.

- Оглас -

Најнови вести