Пеле со трогателна порака се прости од својот пријател Марадона: Еден ден, се надевам, ќе заиграме фудбал заедно горе на небото

Едсон Арантис до Насименто, или едноставно Пеле, е фудбалерот со кого Марадона „водеше војна“ за тоа кој играч е најдобар во историјата на најважната споредна работа на светот, фудбалот. Иако едниот Бразилец, а другиот Аргентинец, Пеле и Марадона имаа взаемно почитување за тоа што другиот го има направено и дадено за фудбалот.

Токму затоа, денеска Пеле со неверување ја прими веста за смртта на Марадона и упати трогателна порака.

„Јас загубив драг пријател, а светот загуби легенда. Еден ден, се надевам, ќе заиграме фудбал заедно горе на небото“, напиша Пеле по веста за смртта на Марадона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести