Легендарниот бразилски Крал на фудбалот, Пеле, по повод неговиот 80-ти роденден кој го прослави завчера, даде интервју во кое изјави дека единствена неисполнета желба му е да заигра фудбал на месечината. Единствениот човек со три светски титули изјавата за месечината ја даде на шега.
„Во моите 80 години живот, жалам само за една работа, што не стапнав на месечината. Ако се играше фудбал на месечината, би сакал да отпатував до таму и да поиграм малку“, рече Пеле, кој освои многу трофеи и даде над 1.000 гола за селекцијата на Бразил и клубовите Сантос и Њујорк Космос.