Пелистер го кутна и МЗТ, Работнички загуби во Кисела Вода

Пелистер го доби дербито против МЗТ Скопје Аеродром со 88-85 и со биланс 8-0 се зацврсти на првото место на табелата во првата кошаркарска лига. Тимот на тренерот Марјан Илиевски се снајде во драматичната завршница во салата „Боро Чурлески“ и извојува значајна победа. На пет минути до крај, Пелистер водеше со 85-72, но МЗТ со серија од 13-0 успеа да изедначи.

Сепак, по водството на битолчани од 87-85 со кошот на Калахан, расположениот Олуџоби (даде 38 поени) утна кога беше најпотребно, и Пелистер дојде до нова голема победа која дефинитивно го става во редот кандидати за титула во оваа сезона. После овој меч, МЗТ има по три победи и порази.

Претходно, ФМП Академија го совлада Работнички со 75-69. Тимот на тренерот Александар Петровиќ беше предводен од Крстајиќ (30 поени и 14 скока) и Темелковски со (по 14 поени и скокови) кои имаа дабл-дабли. Кај Работнички поените беа порамномерно распоредени, но фаворитот не успеа да го избегне својот втор пораз сезонава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести