Второто коло од кошаркарската Прва лига ќе донесе едно интересно дерби, а ќе се игра во Битола. Пелистер на свој терен е домаќин на Работнички, а интересно е дека коефициентите во Sport Life најавуваат неизвесна пресметка. Мал фаворит е Пелистер и тоа затоа што игра на домашен терен, но и затоа што традицијата е на страната на битолчани.
Во последните шест меѓусебни дуели на овие два тима, Пелистер има пет победи, а Работнички се радувал само еднаш. Сепак, во новата сезона, Работнички тргнува со оптимизам дека може да се бори и за највисок пласман, а тоа го покажа и со стартниот триумф над ТФТ Скопје. Пелистер во првото коло загуби на гости кај Гостивар.
Освен дербито во Битола, денеска се играат уште два меча и тоа ТФТ Скопје е домаќин на Чаир 2030, а Охрид пред своите навивачи игра против ФМП Академија. Утре ќе играат Еуроникел – Кожуд, а за в понеделник е закажан дуелот меѓу Феникс 2010 – Вардар. Еден меч од второто коло веќе се одигра, шампионот МЗТ Скопје Аеродром лесно го победи Гостивар со 85:59.