Пелистер со репрезентативно засилување: Голманот Никола Митревски се врати во Битола

Репрезентативниот голман, Никола Митревски, третпат во својата кариера ќе застане на голот на Еурофарм Пелистер. Митревски после четири години се враќа во својот матичен клуб и ќе се обиде со своето искуство, но и квалитет, да му помогне на актуелниот ракометен шампиона на Македонија да дојде до подобри резултати следната сезона во европските купови.

Битолчанецот освен за Пелистер, во својата кариера настапуваше и за Вардар и Металург, а интернационална кариера градеше во Бенфика и Порто од Португалија, како и романската Доброгеа Суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести