Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер доживеа убедлив пораз (26-18) на гостувањето во Полска кај Виска Плок. По првиот бод што го освоија во Битола, сепак, ракометарите на Бранко Ангеловски само на моменти беа конкурентни на гости против Висла Плок.
Домаќинот почна одлично, поведе со 9-2, но потоа дојдоа минутите на Пелистер, кој успеа да намали на 11-8. На полувреме Висла Плок замина со само два гола предност (13-11).
Во второто полувреме повторно Висла Плок отвори фуриозно, создаде брзо предност од шест гола (20-14), а потоа и ја надгради до крајот на натпреварот, за конечни 26-18.
Мирко Алиловиќ имаше 11 одбрани во победничкиот тим на Висла Плок, а Ловро Михиќ беше најефикасен со осум постигнати гола.
Никола Митревски во составот на Пелистер забележа седум одбрани, а Филип Кузмановски беше стрелец на пет погодоци.
На останатите натпревари од ЛШ, Киелце победи на гости против Колстад (32-33), а Веспрем славеше против Фредериција со 34-32. ПСЖ го победи Динамо Букурешт со 35-32, додека Спортинг Лисабон беше подобар од Фуксе Берлин со 35-33.