Пелистерци „издишаа“ во последните 15 минути во Загреб

Еурофарм Пелистер остана единствен тим без победа во групата А од ракометната Лига на шампиони за мажи откако вечерва загуби на гостувањето кај Загреб со 18-27 (полувреме 10-10).

Ова беше тесен меч до 14-тина минути до крајот, до тој момент најголемата предност која ја имаше една од екипите беше два гола разлика. Затоа и клучни се покажаа оние 22-17 за загрепчани по нивната серија од 6-1 по нерешените 16-16.

Македонскиот првак се распадна, како да се предаде предвреме, се редеа грешките, па Хрватите го искористија тоа за да ја зголемат разликата и на крајот победата им беше и убедлива.

Најефикасен кај Е. Пелистер беше Борзаш со три гола, додека кај Загреб се истакнаа Кос и Кавчиќ со по 5 погодоци, Мандиќ имаше 11 одбрани.

Во следното коло, в среда, Е. Пелистер игра дома со моќниот полски тим Кјелце.

- Оглас -

Најнови вести